Damla Delialioğlu
31 Декември 2025•Ажурирај: 01 Јануари 2026
АНКАРА (АА) - Американскиот државен секретар Марко Рубио разговараше за регионални прашања со министерот за надворешни работи на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), шеикот Абдула бин Зајед ал-Нахјан и министерот за надворешни работи на Саудиска Арабија, Фајсал бин Фархано, известува Анадолу.
Според соопштението на американскиот Стејт департмент, Рубио телефонски разговарал со колегите од ОАЕ и Саудиска Арабија.
За време на разговорот Рубио и Ал-Нахјан дискутирале за прашања што влијаат врз безбедноста и стабилноста на Блискиот Исток, вклучително и ситуацијата во Јемен.
Во текот на разговорот меѓу Рубио и Ал-Нахјан станало збор и за регионалните безбедносни прашања, економската соработка и напорите за намалување на тензиите меѓу Индија и Пакистан.
Во разговорот со саудискиот колега, Бин Фархан, Рубио ја пофалил Владата на Саудиска Арабија за нејзините напори за стабилизирање на ситуацијата во Сирија, запирањето на конфликтот во Судан, одржувањето континуирана соработка со Либан и решавањето на прашањата за Црвеното Море.
Рубио ја истакнал претстојната посета на претседателот Доналд Трамп на Саудиска Арабија и важноста на билатералните односи.