свет

Хусите изведоа напад врз аеродромот „Абха“ во Саудиска Арабија

Хусите од Јемен во последно време ги таргетираат јужните подрачја на Саудиска Арабија, пред сѐ аеродромите „Џазан“ и „Абха“

Çağrı Koşak  | 13.08.2019 - Обновена : 15.08.2019
Хусите изведоа напад врз аеродромот „Абха“ во Саудиска Арабија

САНА (АА) - Хусите во Јемен соопштија дека со беспилотно летало извршиле напад врз аеродромот во Абха, кој се наоѓа во јужниот дел на Саудиска Арабија, пренесува Anadolu Agency (AA).

Според веста на ТВ-каналот „Ел Месира“, кој е поврзан со Хусите, на аеродромот „Абха“ во Саудиска Арабија е извршен напад.

Во веста се вели дека нападот е извршен од страна на Хусите со беспилотни летала од типот „Kasıf-2“, но не се дадени детални информации.

Саудиска Арабија или коалициските сили сѐ уште не дадоа изјава во врска со нападот.

Хусите од Јемен во последно време ги таргетираат јужните подрачја на Саудиска Арабија, пред сѐ аеродромите „Џазан“ и „Абха“, а покрај со балистички проектили од среден и долг дострел, нападите ги вршат и со беспилотни летала.

Од септември 2014 година досега, во Јемен се случуваат судири меѓу владините сили на земјата и Хусите кои под своја контрола држат одредени региони во земјата, меѓу кои и главниот град Сана.

Според извештајот на Обединетите нации (ОН) за јуни 2019 година, во Јемен од 2016 година досега животот го загубиле 70.000 лица.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.