Cüneyt Karadağ
13 Август 2019•Ажурирај: 14 Август 2019
БЕРЛИН (АА) - Две Турчинки во германскиот главен град Берлин биле изложени на напад бидејќи зборувале на турски јазик, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според полициското соопштение, приведено е едно лице кое ги нападнало двете мајки со турско потекло кои со своите бебиња седеле на клупа на Железничката станица во Витенау.
Се вели дека приведеното лице физички интервенирало врз Турчинките и од нив побарало да зборуваат на германски јазик.
Според соопштеното, 37-годишниот напаѓач бил фатен од страна на граѓаните кои се наоѓале таму и бил предаден на полицијата.
Отворена е истрага против расистичкиот напаѓач.