свет

Американскиот државен секретар Помпео ќе ја посети окупираната Голанска Висорамнина

„Денеска ќе имам можност да ја посетам Голанската Висорамнина. Едноставното признавање како дел од Израел беше одлука што ја донесе претседателот Трамп...“

Ekipa  | 19.11.2020 - Обновена : 20.11.2020
Американскиот државен секретар Помпео ќе ја посети окупираната Голанска Висорамнина

ЕРУСАЛИМ (АА) - Американскиот државен секретар Мајк Помпео денеска изјави дека ја посетил населбата Силван во окупираниот Источен Ерусалим и најави посета во окупираната сириска Голанска Висорамнина, јавува Агенција Анадолија (АА).

Говорејќи на заедничката прес-конференција со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, Помпео изјави: „Претходната вечер имав шанса да прошетам низ градот Давид (населбата Силван) и денеска, Вие [Нетанјаху] и јас се најдовме и гледавме над стариот град [окупираниот Источен Ерусалим].“

„Денеска ќе имам можност да ја посетам Голанската Висорамнина. Едноставното признавање на ова како дел од Израел, исто така, беше одлука што ја донесе претседателот Трамп, која е историски важна и едноставно признавање на реалноста“, додаде тој.

Помпео, исто така, рече дека САД ќе преземат чекори против пропалестинското движење за бојкот „Бојкот, изолација и санкции“ (BDS).

„[Стејт департментот] ќе ја смета глобалната антиизраелска кампања на Движењето како антисемитска“, рече Помпео.

На 25 март 2019 година, американскиот претседател во заминување, Доналд Трамп, го призна израелскиот суверенитет над сириската Голанска Висорамнина. Истата година во ноември, Помпео рече дека САД нема да ја сметаат изградбата на иеврејските населби на Западниот Брег како кршење на меѓународното право.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.