Hakan Çopur
10 Декември 2017•Ажурирај: 11 Декември 2017
ВАШИНГТОН (АА) - Американскиот претседател Доналд Трамп минува четири часа дневно пред ТВ, а понекогаш и осум, тврдат американските медиуми, пренесува Anadolu Agency (AA).
Како што објави американскиот весник „New York Times“, повикувајќи се на извори блиски на Трамп, првиот човек на САД дневно минува околу четири часа гледајќи телевизија.
Денот на Трамп започнува во 5:30 часот, а претежно ја следи информативната програма на телевизијата „Fox News“ (Фокс нуз), а исто така меѓу програмите кои често ги следи е и „Fox&Friends“.
Наведено е дека Трамп ги следи и каналите „CNN“ и „MSNBC“. Истакнато е дека далечинскиот управувач на неговиот ТВ-приемник со дијагонала од 152 см, не смее да го допре никој освен техничкиот персонал.
Трамп во своите објави на социјалната мрежа „Twitter“ (Твитер) многу често ги критикува медиумите како „CNN“, „MSNBC“, „Washington Post“ (Вашингтон пост) и „New York Times“ (Њујорк тајмс), а не ги штеди ни пофалбите на сметка на „Fox News“.
Трамп и претходно беше цел на медиумите поради наводното претерано гледање на телевизија, на кое тогаш одговори: „Во Овалната канцеларија не гледам многу телевизија, имам многу документи кои треба да ги потпишам, така што немам време. Таквите тврдења не се точни“.