Mahmut Atanur
10 Декември 2017•Ажурирај: 11 Декември 2017
ЏАКАРТА (АА) - Десетици илјади луѓе демонстрираа пред амбасадата на Соединетите Американски Држави (САД) во Индонезија поради одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп да го признае Кудс за главен град на Израел, јавува Anadolu Agency (AA).
Ова се втори демонстрации организирани во Џакарта од петокот.
Демонстрантите носеа палестински знамиња и транспаренти „Слободен Кудс“, „Ние сме покрај Палестина“, извикуваа слогани против Трамп, САД и Израел.
Говорниците повикаа на бојкот на американските производи, како и на молитва за Кудс и за палестинскиот народ.
Во текот на протестите преземени се високи безбедносни мерки.
Амбасадата на САД во Џакарта во четвртокот апелираше до своите државјани на внимание поради планираните протести.