Riyaz Khaliq Khaliq
25 Јануари 2022•Ажурирај: 26 Јануари 2022
ИСТАНБУЛ (АА) - Воен авион Ф-35 на американската Војска се урна на палубата од носач на авиони во Јужнокинеското Море, при што седум лица се повредени, соопшти американската морнарица, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Ф-35Ц Молња II, поставен на носачот Ер Винг (CVW) 2, имаше несреќа при слетување на палубата додека носачот на авиони „Карл Винсон“ (CVN 70) вршеше рутински операции на летови во Јужнокинеското Море на 24 јануари“, соопшти морнарицата.
„Пилотот безбедно се катапултирал“, се вели во соопштението и се додава дека пилотот е стабилен и е извлечен со воен хеликоптер.
„Вкупно седум морнари се повредени“, соопшти американската морнарица.
Тројца американски морнари се пренесени во медицинска установа во Манила, Филипини, додека четворица биле третирани од медицинскиот персонал на бродот.
„Дополнителни детали и причината за несреќата при летот се под истрага“, се наведува во соопштението.
Инцидентот се случи еден ден откако во неделата, во Јужнокинеското Море, група носачи на американската морнарица, предводени од носачите СВН 70 и „Абрахам Линколн“ (СВН 72), започнаа операции.
Воените бродови во заедничките операции ќе бидат вклучени во засилени поморски комуникациски операции, операции за борба против подморници, воздушни воени операции, полнење гориво на бродовите на море, летови крос-палуба и операции за пресретнување со цел зајакнување на поморските интегрирани операции на море и борбената готовност.
Покрај бродовите и авионите на двете групи носачи, околу 14.000 морнари и маринци ќе спроведат координирани поморски и воздушни операции во сложеното поморско опкружување за да ја покажат способноста на здружените сили на индо-пацифичката команда на САД како моќна поморска сила.
Претходно овој месец, Јужна Кореја ја приземји целата своја флота на авиони откако една од нејзините единици се соочи со дефект, што доведе до принудно слетување.
Минатиот октомври, американска подморница „УСС Конектикат“ на нуклеарен погон погоди неидентификуван објект во Јужнокинеското Море, што резултираше со повреда на најмалку десетина лица од нејзиниот екипаж.