Nuri Aydın
04 Септември 2020•Ажурирај: 05 Септември 2020
АНКАРА
Американската полиција уби маж осомничен за убиство на симпатизер на американскиот претседател Доналд Трамп за време на протестите во сојузната држава Орегон минатата недела, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Американските официјални лица соопштија дека Мајкл Рејнол, по кого е издаден налог за приведување, убиен е во рамките на истрагата поради убиство на активист во текот на антирасистичките протести во Портланд.
Во соопштението се наведува дека Рејнол е убиен во Сиетл при обидот за негово приведување. При обидот за приведување Рејнол извлекол револвер, по што полицајците пукале и го убиле. Во полицискиот извештај се наведува дека Рејнол имал револвер и се спротивставувал при приведувањето.
Рејнол претходно изјави дека во самоодбрана го убил Арон Даниелсон, член на десничарската група „Patriot Prayer“.
Трамп на социјалните мрежи напиша: „Зошто полицијата на Портланд не го приведе ладнокрвниот убиец на Арон Џеј Даниелсон? Работете ја својата работа и работете ја брзо.“
Демонстрациите во Портланд, град во американската сојузна држава Орегон, следуваа по убиството на Афроамериканецот Џорџ Флојд. Трамп испрати дополнителни безбедносни сили во Портланд поради масовните протести.
Флојд беше приведен на 25 мај во Минеаполис, откако наводно се обидел да употреби фалсификувана банкнота од 20 долари во локална продавница. Видеоснимките од бруталното приведување објавени се на социјалните мрежи. Полицајците му ставија лисици и го соборија на земја, а еден од нив, Дерек Шовин, му го притисна вратот со колено. Полицајците тврдеа дека Флојд се противел при приведувањето.
И покрај тоа што Флојд во неколку наврати извикуваше дека не може да дише, полицаецот не го тргна коленото од неговиот врат. Набргу потоа Флојд ја загубил свеста, но полицаецот ја задржа идентичната положба кон жртвата. Флојд починал кусо откако бил пренесен во болница.
Смртта на Флојд предизвика бран на протести против полициската бруталност и расна дискриминација, кои во многу американски градови прерасна во насилство.