Hakan Çopur
16 Јануари 2019•Ажурирај: 16 Јануари 2019
ВАШИНГТОН (АА) - Рашида Тлаиб, една од првите муслиманки избрани во американскиот Конгрес, реагираше на исламофобичната изјава на локалната политичарка, републиканката Анабел Лима-Тауб, пренесува Anadolu Agency (AA).
Републиканката од Јужна Флорида, Лима-Тауб, напиша дека Тлаиб е опасна и дека не би ја изненадило да го дигне Конгресот во воздух и да загине, на што Палестинката одговори на социјалната мрежа Твитер.
„Ваква антимуслиманска реторика полна со омраза не се случува сама од себе, претседателот ја прифати и републиканците се среќни поради неа“, напиша Тлаиб.
Лима-Тауб ја избриша објавата на Фејсбук, но предизвика голем број реакции од многу слоеви на општеството, но и од одредени партии.
Советот за американско-исламски односи (CAIR) на Флорида ја повика Анабел Лима-Тауб да поднесе оставка.