Mohamad Misto,Ethem Emre Özcan
26 Септември 2020•Ажурирај: 28 Септември 2020
ХАСЕКА/АНКАРА (АА) - МОХАМАД МИСТО -
Соединетите Американски Држави (САД) продолжуваат да ги зајакнуваат своите бази и воени пунктови во областите што се окупирани од ЈПГ/ПКК во североисточна Сирија, јавува Агенција Анадолија (АА).
Според информациите добиени од локални извори, американската Армија, која ја поддржува терористичката организација ЈПГ/ПКК во Сирија, вчера пратила нова воена пратка од 70 камиони преку граничниот премин „Ел-Валид“ на границата помеѓу Ирак и Сирија.
Во конвојот што се упати кон базите и воените точки на американските сили во сириските покраини Хасека, Рака и Деир ез-Зор, се наоѓаа 12 оклопни возила, камиони и голем број цистерни со гориво.
Американските сили, по пауза од два месеца, испратија најмалку 300 камиони во последните две недели преку Ирак.
Се дознава дека во пратката имало муниција и логистички материјали.
- САД се наоѓаат во нафтените полиња -
Со почетокот на турската операција операција „Извор на мирот“ во октомври 2019 година, Соединетите Американски Држави ги напуштија базите во оперативната зона и се стационираа околу нафтените полиња.
Американските сили, кои продолжуваат да ја поддржуваат терористичката организација ЈПГ/ПКК, во моментов активни се во 11 бази и воени точки во окупираните подрачја на Хасека, Рака и Деир ез-Зор во Сирија.
Вашингтон, исто така, испраќа и засилување од војници во воените бази и точките во нафтените полиња окупирани од страна на терористите на ЈПГ/ПКК.