Nazlı Yüzbaşıoğlu
23 Јули 2020•Ажурирај: 24 Јули 2020
КАРАКАС / АНКАРА
Амбасадорот на Турција во Каракас, главниот град на Венецуела, Шевки Мутевелиоглу, потсетувајќи за медицинските материјали што минатата недела Турција ѝ ги испрати на Венецуела, за АА ја опиша соработката на двете земји на полето на здравството и моменталната состојба со Ковид-19 во земјата, пишува Агенција Анадолија (АА).
Тој информираше дека медицинските материјали што Турција ѝ ги испрати на Венецуела со воениот авион од типот „A 400M“ на Турските вооружени сили, содржи 25 респиратори од турско производство, 40.000 ПЦР сетови за тестирање, 150.000 маски, голем број заштитни комбинезони и други медицински материјали, вкупно 18 тони помош, а во исто време со авионот во Турција ќе бидат вратени четворица државјани кои останале заглавени во Венецуела поради пандемијата.
Мутевелиоглу рече дека покрај помошта за борбата против Ковид-19 испратена со воениот авион, во Венецуела е доставена и донираната медицинска опрема која Турската агенција за соработка и координација (ТИКА) ја води во рамките на разни здравствени проекти.
- „Венецуела ќе може поефикасно да се бори против епидемијата“
Амбасадорот Мутевелиоглу истакна дека едностраните санкции и економските потешкотии со кои се соочува Венецуела, во земјата предизвикале потешкотии во снабдувањето на респираторни уреди, сетови за тестирање, лекови и заштитни материјали во борбата против пандемијата на Ковид-19, додавајќи дека во Венецуела топло е поздравена помошта на Турција во медицински материјали.
Мутевелиоглу исто така рече дека пристигнувањето на авионот со медицинските материјали лично го следеле потпретседателот на Венецуела, Делси Родригез, министерот за надворешни работи, Хорхе Ареаза и министерот за здравство, Карлос Алварадо, истакнувајќи дека предавањето на помошта била пренесувана во живо преку малите екрани.
Амбасадорот Мутевелиоглу истакна дека помошта за Венецуела е проект спроведен со наредба на претседателот Реџеп Таип Ердоган, а одблизу е следен и од страна на венецуелскиот претседател Николас Мадуро. Во спроведувањето на целиот проект учество зедоа и голем број турски министри, со цел медицинските материјали сигурно и навремено да пристигнат во Венецуела, за да може оваа земја поподготвена да ја спроведе својата борба против Ковид-19.
Тој истакна дека сите медицински материјали испратени во Венецуела, првенствено респираторните уреди, се од турско производство, додавајќи дека тоа ќе даде значаен придонес во борбата на Венецуела против Ковид-19, а во исто време, создава единствена можност за презентација на турскиот извозен потенцијал во оваа област.
Мутевелиоглу изјавил дека Владата на Венецуела донела брзи, ефективни и точни одлуки во борбата против коронавирусот, што е причина за помал број на заразени и смртни случаи споредено со другите земји од регионот, додавајќи дека голем придонес во контролирањето на пандемијата има и населението на земјата кое се однесува во согласност со правилото за „социјален карантин“ што се спроведува од март досега.
- Соработката во здравството започна пред Ковид-19
Амбасадорот Мутевелиоглу рече дека очекува соработката на Турција со Венецуела во областа на здравството да продолжи и во иднина во поголем обем, информирајќи дека приватниот сектор покажува голем интерес за Венецуела, и додаде дека таквата состојба се рефлектира и врз билатералните односи за трговијата.
Мутевелиоглу истакна дека важните турски компании се подготвени да инвестираат во Венецуела и да учествуваат во проекти како што се изградба и управување со болници, производство на лекови, и дека контактите со високо ниво за таа цел ќе продолжат и во иднина.
Амбасадорот Мутевелиоглу рече дека Турција и Венецуела соработувале на полето на здравството многу пред пандемијата на коронавирусот, додавајќи дека ТИКА повеќе од две години спроведува проекти на полето на здравството, доделувајќи инкубатори и друга медицинска опрема и материјали за новороденчињата во гинеколошките болници.
Амбасадорот истакна дека поради тешките услови во кои се наоѓа Венецуела, пациентите кои не можат да најдат соодветно лекување во сопствената земја, се испраќаат во Турција, каде што се лекуваат под покровителство на турското Министерство за здравство, додавајќи дека ваквите проекти ќе продолжат и во иднина.
- Билатералните економски односи се развиваат, и покрај Ковид-19
Истакнувајќи дека билатералните договори за трговијата меѓу Турција и Венецуела продолживаат да се зајакнуваат во согласност со меѓународните трговски правила и практики, Мутевелиоглу посочи:
„Билатералниот обем на трговија во првите шест месеци од 2020 година, забележа неверојатно подобрување во однос на претходната година. Богата со природни ресурси, големи обработливи површини, клима погодна за туризам во текот на целата година, географска положба која е во корелација со цела Јужна Америка и младо и квалификувано население, Венецуела нуди големи можности за турските инвеститори.“