Muhammed Emin Canik,Zehra Ulucak
23 Јули 2020•Ажурирај: 23 Јули 2020
БУЕНОС АИРЕС / АНКАРА
Пандемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) во последните 24 часа е причина за смртта на 1.284 лица во Бразил, 790 во Мексико и 1.129 во Индија, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во Бразил, земја која е втора во светот најмногу погодена од пандемијата на коронавирусот, во последните 24 часа се регистрирани 1.284 смртни случаи како последица на заразеност со Ковид-19.
Според податоците на Министерството за здравство на Бразил, заедно со последните 1.284 смртни случаи, вкупната бројка на починати од последици на коронавирусот во Бразил се искачи на 82.771. Вкупниот број на лица позитивни на Ковид-19 во последните 24 часа се зголеми за 67.860 новозаразени и достигна бројка од 2.227.514.
Станува збор за најголем број на детектирани лица заразени со коронавирусот на дневно ниво од почетокот на пандемијата во Бразил.
Државата Сао Паоло, со популација од околу 46 милиони жители, која во исто време е и центар на трговијата во Бразил, претставува најпогоден регион во земјата со 439.446 заразени со коронавирусот и 20.532 смртни случаи.
Досега оздравеа 1.532.138 заразени со Ковид-19.
Бразил со население од над 211 милиони жители се именува како „епицентар на пандемијата“ во Латинска Америка.
Претседателот на Бразил, Жаир Болсонаро, кој беше познат по својот скептичен однос кон пандемијата, соопшти дека е позитивен на коронавирусот.
- Над 41 илјада смртни случаи во Мексико
Според податоците на мексиканското Министерство за здравство, во последните 24 часа од последици на заразеност со коронавирусот животот го загубиле 790 лица, зголемувајќи ја вкупната бројка на смртни случаи поради Ковид-19 на 41.190.
Во Мексико вкупната бројка на лица кај кои е детектиран Ковид-19, во последното деноноќие е зголемена за 6.019 нови случаи и изнесува 362.274.
Досега оздравеа 231.403 лица заразени со коронавирусот.
- Бројката на смртни случаи во Индија се зголеми на 29.861
Во соопштението што го објави Министерството за здравство на Индија, во последните 24 часа починале 1.129 лица заразени со коронавирусот, зголемувајќи ја вкупната бројка на смртни случаи во земјата на 29.861.
Во истиот период зголемена е бројката на позитивни случаи на Ковид-19 за 45.720 лица, со што вкупната бројка на лица заразени со коронавирусот изнесува 1.238.635.
Досега оздравеа 782.607 лица заразени со коронавирусот.
Според податоците објавени на интернет-страницата „Worldometer“, Индија е трета земја во светот според бројката на детектирани случаи на заразеност со Ковид-19.