Esat Fırat
01 Мај 2020•Ажурирај: 02 Мај 2020
КУДС (ЕРУСАЛИМ)
Амбасадорите на европските земји во Тел Авив протестираа против намерата на израелската администрација да го реализира планот за анексија на окупираните палестински територии, јавува Агенција Анадолија (АА).
Според информациите што ги објави израелскиот телевизиски „Канал 13“, амбасадорите на Велика Британија, Германија, Франција, Ирска, Холандија, Италија, Шпанија, Шведска, Белгија, Данска и Финска од амбасадите во Тел Авив, реагирале против израелскиот план за анексија.
Во веста се наведува дека амбасадорите на споменатите држави имале видеоконференциска средба со Ана Азари, заменик-директор за европски прашања при Министерството за надворешни работи на Израел, на која тие официјално дале порака со која ја изразиле својата загриженост поради намерата на Израел да го реализира планот за анексија.
Освен тоа, во веста се вели дека амбасадорите реагирале и на планот на Израел да изгради нови еврејски населби во Источен Кудс (Ерусалим), кој се наоѓа под израелска окупација, предупредувајќи дека еден таков чекор би ја разнишало позицијата на Тел Авив во европските земји.
Во веста се истакнува дека амбасадорите предупредиле дека спроведувањето на планот на Израел за анексија би значело јасно кршење на меѓународното право.
Палестинската власт минатата недела побара итен состанок на министрите за надворешни работи на Арапската Унија на кој би се разговарало за израелскиот план со кој се предвидува анексија на Западниот Брег кој е под окупација на Израел.
Премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху, на 2 март, пред одржувањето на предвремените избори вети дека ќе ги анектира Јорданската Долина и еврејските населби на Западниот Брег.
Откако претседателот на САД, Доналд Трамп, го спомена таканаречениот Мировен план за ??, заедничката комисија формирана од официјални лица на САД и Израел започна со процесот на картографија на Западниот Брег во врска со анексијата на тоа подрачје.