Aida Cako
19 Ноември 2024•Ажурирај: 20 Ноември 2024
АЛКМАР (АА) – На само 40 километри северно од Амстердам се наоѓа градот Алкмар, познат како главен град на кашкавалот во Холандија, јавува Анадолу.
Но овој шармантен мал град нуди многу повеќе од разни видови кашкавал.
Алкмар има прекрасно и пријатно историско градско јадро, исполнето со канали, мостови и историски згради, слично како Амстердам, но со значително помал сообраќај на каналите.
Тоа го прави идеално место за најмување кајак и истражување на градот од вода.
Главна туристичка атракција во Алкмар е познатиот пазар на кашкавал. Се одржува секој петок во текот на летните месеци (од април до септември).
Иако денес пазарот е само туристички приказ на тоа како некогаш се тргувало со кашкавал, сепак е уникатно искуство за посетителите. Таму се наоѓа и Музејот на кашкавалот.
Покрај овој музеј, во Алкмар може да се посетат и други музеи, како Националниот музеј на пивото Де Бум, Градскиот музеј на Алкмар и Музејот на Битлси, имено во градот била направената првата гитара на Џон Ленон, па тоа било повод да се создаде музеј посветен на најпознатиот бенд во светот.
Со тесните улички, традиционалните фасади и живописните канали Алкмар ќе ве врати во времето.