Aida Cako
19 Ноември 2024•Ажурирај: 21 Ноември 2024
ОНТАРИО (АА) – Конзерваториумот за пеперутки, сместен во паркот „Нијагара“ во Онтарио, Канада, е една од најголемите атракции од ваков вид во Северна Америка, јавува Анадолу.
Овој уникатен простор, кој е креиран во 1996 година, веднаш стана омилено место на посетителите од целиот свет.
Конзерваториумот е дом на повеќе од 2.000 пеперутки од различни делови на планетата, кои слободно летаат во тропската оаза полна со водопади, високи растенија и шарени цветови.
Покрај тоа што е природно засолниште, конзерваториумот има и важна образовна улога, подигнувајќи ја свеста за значењето на пеперутките и зачувувањето на нивните живеалишта.
Во изминатите години милиони луѓе го посетија овој извонреден објект што претставува еден од симболите на паркот „Нијагара“.