Ruslan Rehimov
18 Октомври 2020•Ажурирај: 19 Октомври 2020
БАКУ
Претседателот на Азербејџан, Илхам Алијев, истакна дека азербејџанските војници на историскиот мост „Худаферин“ го поставиле знамето на Азербејџан, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Алијев го потврди ова преку објава на неговиот твитер-профил.
„Вооружените сили на Азербејџан на историскиот мост Худаферин го поставија знамето на Азербејџан. Да живее народот на Азербејџан. Карабах е на Азербејџан“, рече Алијев.
Инаку, мостот „Худаферин“ е изграден во 11 век и се наоѓа на реката Араз, која се наоѓа на иранско-азербејџанската граница.
Овој мост се наоѓа во рамки на границите на градот Џебраил, чиј центар и неколку села беа ослободени од окупација од страна на азербејџанската Војска.