Tolga Özgenç
17 Октомври 2020•Ажурирај: 17 Октомври 2020
БАКУ
Азербејџанскиот претседател Илхам Алијев за ерменскиот напад врз цивилите изјави: „Ова нема да ја скрши волјата на азербејџанскиот народ", јавува Агенција Анадолија (АА).
„Ние никогаш нема да напаѓаме цивили. Ерменија ќе добие одговор на боено поле", порача Алијев.
Тој истакна дека од ерменската окупација е ослободен азербејџанскиот град Фузули.
Најмалку 12 цивили се убиени, а повеќе од 40 ранети во ракетниот напад кој ерменските сили синоќа го изведоа врз азербејџанскиот град Генџе.