Gökhan Varan
17 Октомври 2020•Ажурирај: 18 Октомври 2020
АНКАРА
Министерот за надворешни работи на Република Турција Мевлут Чавушоглу предупреди утрово дека Ерменија и понатаму врши воени злосторства на територијата на Азербеџан, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Ерменија и понатаму врши воени злосторства и убива цивили. Убива невини луѓе, не обнувајќи внимание на жени и деца", порача Чавушоглу на социјалната мрежа Твитер.
Тој во пораката исто така наведе дека одговорните за злосторствата во Нагорно Карабах ќе одговараат. Според Чавушоглу, да се биде нем на злосторствата кои ги вршат ерменските сили, значи соучество во убивањата.
„Секогаш сме со Азербејџан", порача Чавушоглу.
Најмалку 12 цивили се убиени, а повеќе од 40 ранети во ракетниот напад кој ерменските сили синоќа го изведоа врз азербејџанскиот град Генџе.