Rauf Maltaş
27 Мај 2017•Ажурирај: 28 Мај 2017
АЛЕПО (АА) - Рауф Малташ -
Жителите на сирискиот град Ал Баб, оддалечен 40 километри јужно од турската граница со Сирија, по шест години воени дејствија оваа година првпат во среќа и во благосостојба го дочекаа Рамазан, јавува Anadolu Agency (AA).
Ал-Баб, град во близина на Алепо, е ослободен од терористичката организација ДЕАШ во рамките на воената офанзива „Штитот на Еуфрат”.
Животот на улиците на овој сириски град потсетува на заканите. По воената офанзива во Ал Баб се вратија 100.000 жители. Она што таму може да се забележи се урнатините од една страна и животот на улица од друга.
Во центарот и на пазарот во овој северен сириски град безбедноста ја воспоставува локалната полиција и војската.
Сириецот Џелал Џедин (45) се заблагодари на Турција за поддршката која со години ја пружа на граѓаните на оваа земја. Тој потсети дека илјадници Сиријци пронашле мирен живот на турско тло.
„Среќни влегуваме во овој Рамазан. По шест години влегуваме во мирен Рамазан”, раскажа Џедин.
Јунус Мендерес порача дека Ал Баб сега е безбеден.
„Моментално во Ал Баб Рамазанот го дочекуваме со среќа. Веруваме дека Рамазанот ќе помине во мир и во спокој бидејќи нашето подрачје е конечно безбедно. Му се заблагодаруваме на Бога и на Турција која ни ја пружи оваа можност,” раскажа Јунус.
И Осман Хаџа по четири години, колку што минал во Турција, се вратил во Ал Баб.
„По многу години поминуваме мирен Рамазан”, порача Хаџа.