свет

Азербејџанскиот претседател Алиев со повик до западните лидери

„Тие што ги затвораат џамиите ли ќе нè критикуваат нас? Тие што фрлаа свински глави во џамиите ќе изразуваат грижа? Нема потреба од загриженост. Сите историски артефакти се заштитени од државата“

Ruslan Rehimov  | 24.11.2020 - Обновена : 25.11.2020
Азербејџанскиот претседател Алиев со повик до западните лидери Фото: Претседателство на Азербејџан

БАКУ (АА) – Претседателот на Азербејџан, Илхам Алиев, истакна дека некои западни земји се загрижени за христијанските храмови во регионите ослободени од окупацијата на Ерменија, порача дека нема потреба од загриженост и нагласи дека сите историски артефакти се заштитени од државата, јавува Агенција Анадолија (АА).

„Тие што ги затвораат џамиите ли ќе нè критикуваат нас? Тие што фрлаа свински глави во џамиите ќе изразуваат загриженост? Нема потреба од загриженост. Сите историски артефакти се заштитени од државата“, нагласи Алиев.

Тој го посети градот Агдам, кој вчера беше ослободен од ерменска окупација, и ја посети историската џамија, единствен објект чија главна градба е во добра состојба.

Алиев заедно со сопругата Михрибан Алиева ја посетија џамијата, и го подарија на џамијата Куранот што го донеле од Мека.

„Многу сум среќен што Мека ја посетив четири пати. Еднаш со мојот покоен татко, три пати како претседател. Многу сум среќен што се молев покрај светата Ќаба. Она што беше во срцето на сите што беа таму, беше и во моето. Мојата прва молитва беше ослободување на нашите територии од окупација. Посакав Господ да ми даде сила да ги ослободам нашите територии од окупација. Денес пред една џамија, која е уништена од вандалите, може да кажам дека јас сум среќен човек. Му благодарам на Бога што ги слушна моите молитви и ми ја даде оваа сила“, рече Алиев.

Тој во своето обраќање нагласи дека е многу болно да се гледа градот Агдам уништен.

Потсетувајќи дека пред неколку години од рововите со двоглед го гледал Агдам, Алиев рече дека е тешко да се искаже чувството кога се гледаат овие места од далечина.

Истакна дека на чело на земјите што им дале политичка и морална поддршка за време на војната се Турција и лично претседателот Реџеп Таип Ердоган. Тој, исто така, додаде дека добиле поддршка и од неколку други земји.

- „Сите храмови на наша земја се наше историско богатство“ -

Алиев, наведувајќи дека некои западни лидери и на состаноците со него и во официјалните изјави го подигнале прашањето „што ќе се случи со христијанските светилишта во регионите ослободени од Азербејџан“, рече:

„Никој не треба да се грижи, особено западните лидери кои ги разгоруваат исламофобичните чувства. Тие ги игнорираат навредите за светите исламски вредности, па дури и ги оправдуваат. Тие немаат право да зборуваат за тоа. Исто така, сите храмови на наша земја се наше историско богатство. Тие што ги затвораат џамиите ли ќе нè критикуваат нас? Тие што фрлаа свински глави во џамиите ќе изразуваат грижа? Нема потреба од загриженост. Сите историски артефакти се заштитени од државата.“

- „Нека одат и нека се справуваат со проблемите во нивните земји“ -

Азербејџанскиот претседател нагласи дека за време на окупацијата на Ерменија многу џамии што припаѓале на Азербејџан биле уништени, а некои од нив биле користени како места за чување свињи.

„Зошто оваа состојба не загрижи некои западни лидери? Значи, според нив, џамиите можат да се навредуваат, може да се рушат и во нив може да се чуваат свињи. Ако е така, нека го кажат тоа и нека одат и нека се справуваат со проблемите во нивните земји. Никој да не се меша во нашите работи. Тука дојдовме самите. И покрај сите напори и провокации на овие земји, ние пролеавме крв и стигнавме до нашата земја. Сите нека си заминат и нека си ја гледаат својата работа“, додаде претседателот Алиев.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.