Ruslan Rehimov
09 Ноември 2020•Ажурирај: 09 Ноември 2020
БАКУ (АА) - Министерството за одбрана на Азербејџан соопшти дека судирите со ерменските сили продолжиле воглавно во областите Агдере, Агдам, Хоџавенд и Губадли, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на Министерството се истакнува дека на ерменските сили им бил нанесен тежок удар во последните 24 часа, и во некои делови на линијата на фронтот морале да се повлечат поради загуба на воен персонал и опрема.
Се додава дека азербејџанската Армија уништила еден тенк „Т-72“, една хаубица од типот „Д-30“, еден минофрлач и камион полн со муниција.
Исто така во соопштението се посочува дека операциите продолжуваат по целата линија на фронтот и дека ситуацијата е под контрола на азербејџанската Армија.