Ruslan Rehimov
09 Ноември 2020•Ажурирај: 09 Ноември 2020
БАКУ (АА) - Во артилериските и ракетните напади на Ерменија извршени врз азербејџанските населени места досега загинаа 93 цивили, а повредени се 407 цивили, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Главното обвинителство на Азербејџан ги соопшти бројките на починатите цивили како резултат на нападите на Ерменија од 27 септември до 9 ноември.
Според нив, загинале 93 азербејџански цивили, додека 407 лица се повредени.
Исто така, во соопштението се додава дека поради нападите на Ерменија, 3.326 куќи, 120 станови и 504 јавни објекти се во неупотреблива состојба.