Sena Güler
02 Ноември 2020•Ажурирај: 02 Ноември 2020
БАКУ (АА) - Ерменската Армија денес претпре загуби при нејзините напади врз азербејџанските војници и населените области на неколку точки на фронтот, што се случуваат и покрај примирјето, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Во текот на вчерашниот ден и во текот на ноќта, Ерменските вооружени сили пукаа врз позициите на единиците на азербејџанската Армија и нашите населби во различни правци од фронтот, користејќи различно оружје, вклучувајќи артилерија и проектили“, се соопштува од азербејџанското Министерство за одбрана.
Се наведува дека судирите биле главно во правец на Агдам, Хоџавенд и Губадли.
„Во текот на денот и ноќта, голем број непријателски сили, четири ракетни лансери „БМ-21 Град“, 10 различни типови хаубици, 3 камиони со муниција и 5 други возила се уништени во различни правци на фронтот“, се соопштува од Министерството.
Се додава дека ерменските сили биле принудени да се повлечат откако претрпеле загуби во војници и воени возила и исто така се соочиле со недостиг на оружје, муниција и резерви на храна.
Од Министерството се нагласува дека фронтот е под контрола на азербејџанската Армија.