Muhammed Emin Canik
02 Ноември 2020•Ажурирај: 02 Ноември 2020
БУЕНОС АИРЕС (АА) - Пандемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) продолжува да се шири и да одзема животи во земјите на Латинска Америка, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во последните 24 часа пандемијата на Ковид-19 е причина за смртта на 190 заразени во Бразил, 142 во Мексико, 138 во Аргентина, 201 во Колумбија и 53 во Перу.
Според податоците објавени од Министерството за здравство на Бразил, во последното деноноќие во Бразил починале 190 лица заразени со Ковид-19, со што вкупната бројка на лица што починаа од коронавирусот се зголеми на 160.074. Бројката на лица кај кои во последните 24 часа е детектиран Ковид-19 изнесува 10.100, со што вкупниот број позитивни на коронавирусот се искачи на 5.545.705.
По Соединетите Американски Држави (САД) и Индија, Бразил е трета земја во светот според бројката на лица позитивни на коронавирусот. Во оваа земја оздравеа 4.980.942 лица што претходно биле позитивни на Ковид-19.
- Мексико
-
Министерството за здравство на Мексико соопшти дека во последните 24 часа во земјата починале 142 лица заразени со коронавирусот, а детектирани се 4.430 новозаразени.
Во Мексико, со популација од 126 милиони жители, досега се регистрирани 91.895 смртни случаи, а вкупниот број лица позитивни на коронавирусот изнесува 929.392. Во оваа земја досега оздравеа 682.044 лица позитивни на Ковид-19.
Мексико, со популација од 126 милиони жители, се наоѓа на 10. место во светот според бројот на лица позитивни на Ковид-19.
- Аргентина -
Министерството за здравство на Аргентина информира дека во последното деноноќие починале 138 лица од последиците предизвикани од Ковид-19, со што вкупната бројка се зголеми на 31.140. Во истиот период детектирани се 6.609 новозаразени, со што вкупниот број лица позитивни на коронавирусот се искачи на 1.173.533.
Во Аргентина, која има 45 милиони жители, досега оздравеа 946.134 лица заразени со коронавирусот.
Иако Аргентина спроведе многу долг карантин како превенција од ширењето на коронавирусот, сепак оваа земја според бројот на лица позитивни на вирусот се наоѓа на седмото место во светот.
Рестриктивните мерки што во Аргентина се воведени на 20 март, со текот на времето почнаа постепено да се олабавуваат, а карантинот во осум покраини и во главниот град Буенос Аирес е продолжен до 8 ноември.
- Колумбија
-
Според информациите што ги објави Министерството за здравство на Колумбија, во последните 24 часа од Ковид-19 починале 201 лице, со што вкупниот број смртни случаи достигна 31.515.
Во последните 24 часа детектирани се 9.137 лица позитивни на коронавирусот, со што вкупниот број на заразени со вирусот се зголеми на 1.083.321. Во оваа земја досега оздравеа 977.804 заразени со Ковид-19.
Колумбија, која брои популација од околу 50 милиони, е осма земја во светот според бројот на заразени со Ковид-19.
- Перу -
Според информациите што ги објави Министерството за здравство на Перу, во последните 24 часа починале 53 лица од последиците предизвикани од коронавирусот, а детектирани се 913 новозаразени.
Во оваа земја вкупниот број заразени се искачи на 904.911, починаа 34.529 заразени, а оздравеа 827.613 лица кај кои бил детектиран коронавирусот.
Перу, со популација од околу 32 милиони жители, се наоѓа на 11. место во светот според бројката на заразени со коронавирусот и по бројот на смртни случаи како последица на вирусот.