Ruslan Rehimov
30 Септември 2020•Ажурирај: 01 Октомври 2020
БАКУ (АА) - Азербејџанската Војска соопшти дека ерменските сили претрпеле големи загуби, во контранападот што го започна откако ерменските сили во неделата изутрина почнаа нови напади врз азербејџанските места во Нагорно Карабах, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Азербејџанската Војска изврши напад врз ерменските сили кои како испомош тргнаа кон ерменскиот Втор баталјон при Првата воена област, кои претходно беа цел на нападите“, се наведува во соопштението од Баку.
Азербејџанското Министерство објави снимки, кои за време на нападите врз ерменските сили се снимени од воздух.
Ерменските сили во неделата изутрина извршија нови напади врз азербејџанските населби и позиции, а азербејџанските сили одговорија со напади врз ерменските позиции.
Ерменските власти потоа прогласија општа мобилизација и воена состојба поради судирите во регионот Нагорно Карабах, а и властите на Азербејџан прогласија воена состојба за 19 подрачја, вклучувајќи го и главниот град Баку.
Од 1991 година ерменската Војска нелегално го окупираше Нагорно Карабах, меѓународно признатата територија на Азербејџан.
Четири резолуции на Советот за безбедност на ОН и две резолуции на Генералното собрание на ОН, како и многу меѓународни организации бараат повлекување на окупациските сили.