свет

Протести против Русија во сириски Идлиб

„Русија ја уништи инфраструктурата, се обиде да го ослабне овој народ и да го искористи богатството на земјата“

Ahmet Karaahmet, Mehmet Burak Karacaoğlu  | 30.09.2020 - Обновена : 01.10.2020
Протести против Русија во сириски Идлиб

ИДЛИБ (АА) - Протести против Русија се одржаа во Идлиб, на 6-годишнината од нејзината интервенција во Граѓанската војна во Сирија, јавува Агенција Анадолија (АА).

Во Идлиб, многу луѓе се собраа во центарот на градот и извикуваа пароли „Окупаторска Русијо, оди си“, „Русија го убива цивилното население“.

Мустафа Мена, еден од демонстрантите, во изјавата за АА истакна дека Русија, која е вклучена во војната во Сирија, масакрирала и принудила на раселување цивили.

Велејќи дека Русија не донела ништо друго освен уништување, Мена рече: „Русија ја уништи инфраструктурата, се обиде да го ослабне овој народ и да го искористи богатството на земјата.“

Ахмед ал Џемал, исто така, истакна дека Русија не го поддржува сирискиот народ, туку режимот на Асад. „Заедно убиваат цивили. Ги напаѓаат болниците, училиштата и цивилните области.“

Русија на барање на режимот на Асад изврши воена интервенција во Сирија на 30 септември 2015 година.

Руските авиони се распоредени во воздухопловната база „Хмејмим“, што му припаѓа на режимот на Асад.

Пет години Русија му дава воена поддршка на режимот на Башар ал Асад. Русија потпиша некои договори во Сирија, како на пример, закуп на пристаништето во Тартус на 49 години и употреба на енергетските ресурси и воените бази.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın