Аеродромот Истанбул стана најпрометниот аеродром во Европа со 1.580 летови дневно
По аеродромот „Истанбул“ следуваат аеродромот во Амстердам со 1.398 летови дневно, Франкфурт со 1.393 летови, аеродромот „Шарл де Гол“ во Париз со 1.358 летови и аеродромот „Хитроу“ во Лондон со 1.338 летови дневно.

ИСТАНБУЛ (АА) - Аеродромот „Истанбул“ стана најпрометниот аеродром во Европа, со просек од 1.580 летови дневно во периодот од 29 септември до 5 октомври, известува Анадолу.
Европската организација за безбедност на воздушната пловидба (ЕВРОКОНТРОЛ) го објави својот „Извештај за европското воздухопловство“ за периодот од 29 септември до 5 октомври.
Во извештајот се наведува дека аеродромот „Истанбул“ е рангиран на првото место меѓу најпрометните аеродроми во Европа со просек од 1.580 летови дневно во овој период.
По аеродромот „Истанбул“ следуваат аеродромот во Амстердам со 1.398 летови дневно, Франкфурт со 1.393 летови, аеродромот „Шарл де Гол“ во Париз со 1.358 летови и аеродромот „Хитроу“ во Лондон со 1.338 летови дневно.
Аеродромот во Анталија, пак, се најде на 9-тото место меѓу најпрометните аеродроми во Европа со 968 летови дневно.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.