Barış Seçkin
06 Јули 2024•Ажурирај: 09 Јули 2024
РИМ (АА) - Малпенса, аеродромот во градот Милано во Италија, ќе го носи името на поранешниот премиер и бизнисмен Силвио Берлускони, кој почина минатата година, јавува Анадолу.
Заменик премиерот и министер за транспорт и инфраструктура, Матео Салвини, објави дека Управниот одбор на Италијанската управа за цивилно воздухопловство (ENAC) го одобрил предлогот на регионалната влада на Ломбардија аеродромот Малпенса во Милано да се преименува по Берлускони.
Алудирајќи на себе, Салвини рече:
„Мислам дека и министерот за транспорт ќе каже 'ок' на ова“, нагласувајќи дека е подготвен да стави потпис на овој предлог.
Силвио Берлускони, кој остави свој белег во деловниот, политичкиот и спортскиот живот на Италија, почина на 86-годишна возраст во родниот Милано на 12 јуни 2023 година по низа здравствени проблеми минатата година.