Ekipa
12 Октомври 2016•Ажурирај: 13 Октомври 2016
ПАРИЗ (АА) - Адвокатите на главниот осомничен за теористичките напади во Париз минатиот ноември, Салах Абдеслам, денес соопштија дека нема повеќе да го застапуваат, пренесува Anadolu Agency (AA).
Франк Бертон и Свен Мери во изјава за „БФМ ТВ“ истакнаа дека се одлучни да престанат да го застапуваат Абдеслам поради тоа што избрал да се брани со молк во знак на протест против 24-часовниот видеонадзор во неговата затворска ќелија.
„Кога имате чувство дека сте во затвор поради социјална посета, одлуката мора да се донесе“, изјави Мери.
Француските власти се надеваат дека Абдеслам може да даде информации за стратегиите и мрежите на терористичката организација ДЕАШ и да ги идентификува останатите кои можеби имаат врска со нападите на 13 ноември.
Абдеслам е единствениот преживеан напаѓач во серијата напади во Париз од 13 ноември 2015 година, во кои загинаа 130 лица додека 350 беа ранети. Одговорност за нападите презеде терористичката организација ДЕАШ. Неговиот брат исто така се разнесе во еден од нападите истиот ден.