Davit Kachkachishvili
04 Април 2022•Ажурирај: 05 Април 2022
КИЕВ (АА)
- Давит КАЧКАЧИШВИЛИ
Дописниците на Агенција Анадолија (AA) влегоа во селото Мотижин, што беше ослободено од руските сили во регионот на Киев, а врз кое потоа контролата ја вратија украинските војници.
Пред два дена во селото Мотижин беа пронајдени четири тела за кои се дознава дека биле закопани набрзина во шумскиот предел кај селото.
Утврдено е дека телата припаѓаат на селската старешина Оља Сутлиленко и нејзиното семејство. Во бунар во близина на областа каде е погребано семејството пронајдено е тело на убиен човек чии раце биле врзани зад грб.
Антон Герашенко, советник на министерот за внатрешни работи на Украина, го посети селото Мотижин.
Во изјава за Агенција Анадолија (AA), Герашенко, истакнувајќи дека муктарката на селото и нејзиното семејство се убиени од страна на руските војници, рече: „Ги знаеме сторителите на овие убиства. Владимир Путин го направи тоа.“
Нагласувајќи дека сторителите ќе бидат казнети, Герашенко нагласи дека руските сили масакрирале цивили во Украина.
Украинската Армија, која на 1 април го ослободи градот Буча во близина на Киев, главниот град на Украина, и неговата околина од руските сили, наиде на град полн со мртви тела, уништени згради и улици.
Украинската јавна обвинителка Ирина Венедиктова, соопшти дека во Киевската Област ослободена од руската Армија пронајдени се телата на 410 цивили.
За масакрот на цивилите во Буча имаше реакции од западните земји. Од друга страна, Русија ги негираше обвинувањата дека масакрирала цивили.