Dmitri Chirciu,Ali Cura
02 Декември 2019•Ажурирај: 03 Декември 2019
МОСКВА
Во јужниот дел на Сибир, Русија, во подрачјето Трансбајкал се преврте патнички автобус. Бројот на загинати во несреќата се искачи на 19 лица, јавува Агенција Анадолија (АА).
Министерството за вонредни ситуации на Русија соопшти дека возачот ја загубил контролата над возилото, по што патничкиот автобус со 41 патник се превртел во реката Куенга. Бројот на загинати се искачил на 19 лица.
Властите информираа дека во несреќата се повредени 22 лица.
Гувернерството на Трансбајкал објави дека е прогласен еднодневен Ден на жалост.
Во соопштението се наведува дека Обвинителството продолжува со истрагата.
Во несреќата што се случи вчера, првично беше објавено дека бројот на загинати изнесува 15 лица.