Laith Joneidi,Afra Aksoy
02 Декември 2019•Ажурирај: 04 Декември 2019
АМАН
Во пожар што избувна во куќа во подрачјето на Ел Кераме, во западниот дел на Јордан, животот го загубија 13 Пакистанци, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според веста што ја објави Јорданската државна телевизија, во утринските часови противпожарните екипи го гаснеле пожарот што избувнал во куќа во западниот дел на Јодан, во градот Еш Шуна ел Џенубије, сместен во подрачјето на Ел Кераме во провинцијата Балка.
Пожарот избувнал во куќа изградена како засолниште од лим на земјоделска површина, а во објектот живееле две семејства. Во пожарот животот го загубиле 13 лица со пакистанско потекло, а тројца се повредени.
Релевантните органи соопштија дека е формиран комитет кој ќе ги истражи причините поради кои избувнал пожарот.
Од 1970 година, пакистанските државјани доаѓаат во Јорданската Долина да работат на земјоделските површини.