Aşkın Kıyağan
14 Февруари 2017•Ажурирај: 15 Февруари 2017
ВИЕНА (АА) – Момчето кое личи и се облекува како нацистичкиот водач Адолф Хитлер е уапсено во Австрија, јавува Anadоlu Agency (AA).
Ова 25-годишно лице, како што наведуваат австриските медиуми, е уапсено под обвинение за нацистичка пропаганда. Себеси се нарекува Хералд Хитлер, а приведен е на барање на Обвинителството на општината Рид во Баварија. Имено, момчето било облечено во облека од нацистичкиот период, имал мустаќи и коса како на Хитлер, а и неколкупати е виден во близина на куќата каде што беше роден нацистичкиот лидер Адолф Хитлер во Браунау на Ин.
Истрагата за ова лице започна по жалба на граѓаните на тој град.
Адолф Хитлер беше роден во Браунау на Ин, во 1889 година. Тој беше германски политичар, водач на Националистичката германска работничка партија, позната под називот Нацистичка партија. Тој беше апсолутен диктатор на Германија од 1934 до 1945 година, и ја носеше титулата канцелар на Рајхот од 1933 до 1945 година.
Нацистичките сили под негово водство извршија геноцид и различни криминални дела за време на војната, вклучувајќи и убивање на 17 милиони цивили, од кои приближно шест милиони Евреи и околу милион Роми.
Во последните денови од војната, пред падот на Берлин во 1945 година, Хитлер и неговата сопруга Ева Браун извршија самоубиство.