Aşkın Kıyağan
19 Ноември 2021•Ажурирај: 20 Ноември 2021
ВИЕНА (АА) - Австрискиот Парламент гласаше за укинување на имунитетот на поранешниот канцелар Себастијан Курц, како дел од истрагата за наводите за корупција, јавува Агенција Анадолија (АА).
Потегот против Курц, лидерот на Австриската народна партија (ОВП), е реализиран на барање на Обвинителството за економски прашања и корупција.
Со укинувањето на имунитетот на Курц, Обвинителството дополнително ќе го прошири опсегот на истрагата за поранешниот канцелар.
На 9 октомври Курц се повлече од функцијата канцелар поради истрага за корупција.
Тој се соочува со истрага поради обвиненија за поткуп, корупција и нарушување на довербата.
Курц и одредени партиски соработници се обвинети за префрлање пари на весник и тинк-тенк организација од буџетот на Министерството за финансии во периодот од 2016 до 2018 година.
Истражителите, исто така, ги истражуваат наводите дека тие манипулирале со резултатите од анкетите во корист на Курц и Австриската народна партија.