Muhammed Emin Canik
19 Ноември 2021•Ажурирај: 20 Ноември 2021
БУЕНОС АИРЕС (АА) - Уништувањето на шумите во амазонската прашума во Бразил е на највисоко ниво во последните 15 години, соопшти Бразилската агенција за вселенски истражувања (AEB), пренесува Агенција Анадолија (АА).
Сателитските снимки на Националниот институт за вселенски истражувања (INPE), покажаа дека од август 2020 до јули 2021 година уништени се 13.235 километри квадратни од најголемата прашума во светот.
Во периодот од август 2019 година до јули 2020 година, во регионот се уништени 10.851 квадратен километар од шумата, а во истиот период 2016 година уништени се 14.286 квадратни километри од шумата.
Во истиот период во 2004 година објавено е дека биле уништени 27.000 квадратни километри од шумата.
Бразил објави план за намалување на нелегалното уништување на шумите за 15 отсто годишно до 2024 година, 40 отсто за 2025 и 2026 година и 50 отсто за 2027 година и рече дека има за цел нулта нелегално уништување на шумите до 2028 година.