Recep Şakar
16 Ноември 2021•Ажурирај: 17 Ноември 2021
МЕЛБУРН
Австралискиот град Мелбурн, кој до минатиот месец беше најзатворениот град на светот поради низа ограничувања во борба против ширење на коронавирусот, започна со подготовките за божиќни и новогодишни празици, јавува Агенција Анадолија (АА).
Вториот по големина град во Австралија до 22 октомври издржа 262 дена, т.е. околу девет месеци ограничувања во текот на шесте одделни блокади од март 2020 година, што е најдолго кумулативно затворање на било кој град во светот.

Полициски час, кој беше на сила од почетокот на август е укинат и целосно вакцинираните лица можат да се собираат во градските барови, ресторани и фризерски салони.
Во Мелбурн трговските центри, плоштади и улици се веќе украсени за престојните празници. Некои улици во градот се украсени во облик на светлосни тунели.
Сиднеј и Канабера исто така ги укинаа карантините, откако постигнаа висока стапка на вакцинација.
Вкупно, повеќе од 58 проценти на Австралијци се целосно вакцинирани, а од почетокот на пандемијата досега се потврдени 1.882 смртни случаи поврзани со Ковид-19.
