Aldıjana Hadzıc
29 Април 2018•Ажурирај: 30 Април 2018
МЕЛБУРН (АА) - Австралија ќе потроши 500 милиони американски долари (околу 312 милиони евра) за заштита и реконструкција на Големиот корален гребен, соопшти федералната влада, пренесува Anadolu Agency (AA).
Локалните медиуми објавија дека помошта ќе се користи, меѓу другото, и за подобрување на квалитетот на водата. Покрај тоа, ќе биде овозможен развој на корали кои се поотпорни на високи температури.
Министерот за животна средина, Џош Фрајденберг, рече дека гребенот е под голем притисок, но дека тоа се предизвици кои можат да се надминат.
Тој додаде дека ќе ја подобри контролата на состојбата на гребенот и ќе врши мерења.
„Колку повеќе знаеме за гребенот, подобро може да го заштитиме“, рече министерот Фрајденберг, истакнувајќи дека ова е најголемата индивидуална инвестиција за заштита на гребенот во историјата на Австралија.
Тој соопшти дека милиони долари ќе бидат потрошени за истражување и подобро управување со податоците, како и тестирање на влијанијата врз гребенот.