Recep Şakar
23 Март 2018•Ажурирај: 25 Март 2018
МЕЛБУРН (АА) - Австралискиот град Мелбурн беше домаќин на 23. Меѓународен саем за цвеќиња и градинарство, на кој присуствуваат експерти од оваа област од различни делови на светот, јавува Anadolu Agency (AA).
Австралијците покажаа голем интерес за Саемот, организиран во зградата на Кралскиот изложбен центар во Мелбурн и во градините околу Центарот.
Посетителите имаа можност да видат посебни цветни аранжмани од свежо и суво цвеќе, но исто така и оние кај кои се користеа различни растителни материјали.
Саемот во Мелбурн секоја година го посетуваат десетици илјади луѓе.