Recep Şakar
03 Февруари 2019•Ажурирај: 04 Февруари 2019
МЕЛБУРН (АА) - Монсунските дождови предизвикаа поплави во австралискиот град Таунсвил, во сојузната држава Квинсленд, јавува Anadolu Agency (AA).
Заводот за метеорологија на Австралија соопшти дека дошло до излевање на реките, патиштата се преплавени, а водени наноси ги зафатиле домовите и деловните објекти.
Наставата во тоа подрачје е откажана, а локалните власти го повикаа населението да се придржува до упатствата на надлежните служби.
Џени Хил, градоначалничката на Таунсвил, кој е најмногу погоден од поплавите, рече дека околу 10.000 домаќинства останале без електрична енергија.
Хил предупреди дека нивото на водата на браната Рос Ривер е во пораст, информирајќи дека околу 20.000 домови се поставени вреќи со песок.
„Не можеме точно да кажеме што ќе треба да преземеме во иднина“, појасни Хил, која го повика населението на дополнителна претпазливост.
Стив Мунро од Управата за вонредни ситуации во Таунсвил рече дека Вооружените сили на Австралија поделиле околу 90.000 вреќи со песок. Тој потсети дека во градот се наоѓаат 82.000 објекти, а дека околу 500 од нив не се зафатени од поплавите.
Австралискиот совет за осигурување (ICA) соопшти дека состојбата во Таунсвил е застрашувачка и дека штетата се проценува на околу 16,7 милиони австралиски долари.
Во соопштението се наведува дека осигурителните компании досега добиле околу 2.000 барања, и дека помошта ќе им биде укажана на оние на кои им е потребна.