Sümeyye Dilara Dinçer
04 Јули 2022•Ажурирај: 05 Јули 2022
АНКАРА (АА) - Австралискиот премиер Ентони Албанис за време на неговата посета на главниот град на Украина, Киев, вети поголема воена помош, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Албанис се сретна со украинскиот претседател Влдимир Зеленски за време на изненадната посета на Киев.
Во изјавата за медиумите во Претседателската палата во Киев, Албанис истакна дека неговата земја ќе ја поддржи Украина „без разлика колку време ќе биде потребно“, и вети дека ќе обезбеди поголема воена помош.
Албанис истакна дека е воведена забрана за патување на 16 руски министри и олигарси и дека е стопиран увозот на злато од Русија.
Се нагласува дека пакетот воена помош што го обезбеди Австралија е вреден 100 милиони австралиски долари и вклучува беспилотни летала и 34 оклопни возила.
Се додава дека вкупната вредност на помошта што Австралија ѝ ја пружи на Украина до денес изнесува приближно 390 милиони долари.
Албанис претходно ги посети градовите Буча и Ирпин во близина на Киев, кои привлекуваат внимание со длабоките траги од војната што ја започна Русија и ситуацијата ја оцени како воено злосторство.
Тој во изјава за медиумите на 29 јуни нагласи дека неговата земја размислува за повторно активирање на австралиската Амбасада во Киев.