свет

Американски форензички експерти го испитуваат куршумот со кој беше застрелана новинарката на „Ал Џезира“ во Ерусалим

На барање на Вашингтон, куршумот од кој загина новинарката на окупираниот Западен Брег во мај е предаден на експерти за истрага, соопшти палестинскиот министер Ал Шалалде за АА

Mahmut Geldi  | 04.07.2022 - Обновена : 06.07.2022
Американски форензички експерти го испитуваат куршумот со кој беше застрелана новинарката на „Ал Џезира“ во Ерусалим

РАМАЛА (АА) - Американските форензички експерти, откако го прегледаа, го вратија куршумот со кој беше убиена новинарката на Ал Џезира, Ширин Абу Аклех на палестинските власти, изјави палестинскиот министер за правда, јавува Агенција Анадолија (АА).

На барање на Вашингтон, куршумот од кој загина новинарката на окупираниот Западен Брег во мај беше предаден на експерти за истрага, изјави министерот Мухамед ал Шалалде за АА.

„Откако куршумот беше вратен, тој беше прегледан и од нас“, рече тој, додавајќи дека не се донесени нови заклучоци за него.

Истакнувајќи дека не постојат информации во врска со наводите дека и Израелци учествувале во истрагите, тој рече дека тие се придржувале до официјалните процедури со САД и го испорачале куршумот врз основа на етички и правни основи.

„Важно е да се фати и да се изведе на одговорност лицето што го изврши ова убиство“, рече тој, додавајќи дека се очекува САД не само да се грижат за истрагата, туку и да тргнат кон оној кој го извршил убиството бидејќи Абу Аклех беше американска државјанка.

Истакна дека резултатите од американската истрага не стигнале до нив.

Портпаролот на израелската војска вчера за армиското радио изјави дека израелски експерти ќе го испитаат куршумот со Американците.

Во саботата, палестинските власти соопштија дека им го предале куршумот со кој е застрелана Абу Аклех на американските власти за да извршат форензичко испитување.

На 11 мај, Абу Аклех (51) известуваше за рација на израелската војска во близина на бегалскиот камп Џенин на окупираниот Западен Брег кога беше застрелана.

Додека палестинските власти и нејзиниот работодавец „Ал Џезира“ го обвинија Израел за убиство на новинарката, Тел Авив негираше каква било одговорност.

Палестинските власти го отфрлија барањето на Израел за спроведување заедничка истрага за смртта на новинарката.

На 26 мај, палестинскиот државен обвинител Акрам ал-Катиб објави дека прегледот на телото на Абу Аклех потврдил дека таа била застрелана од проектил кој пробива оклоп истрелан директно во нејзината глава од израелски снајперист.

Неколку водечки медиуми, вклучувајќи ги „Ал Џезира“, Си-ен-ен, Асошиетед прес, „Вашингтон пост“ и „Њујорк тајмс“ спроведоа истраги кои дојдоа до заклучок дека Абу Аклех бил убиена од израелски куршум.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.