свет

Авганистан: Три лица загинаа во оружен напад во Нангархар, кој е под контрола на талибанците

- Талибанците, кои го потврдија нападот, не споделија информации за човечките загуби

Sayed Khodaiberdi Sadat  | 22.09.2021 - Обновена : 23.09.2021
Авганистан: Три лица загинаа во оружен напад во Нангархар, кој е под контрола на талибанците Фото: Архива (Вали Сабавун / АА)

КАБУЛ 

Двајца припадници на талибанското движење и еден цивил ги загубија животите во оружен напад извршен во Џалалабад, центарот на провинцијата Нангархар во источен Авганистан, кој е под контрола на талибанците, јавува Агенција Анадолија (АА).

Според информациите добиени од локални извори, вооружени лица извршиле напад врз талибанските сили во регионот Истгахи Кабул, во Џалалабад.

Во нападот загинаа двајца талибанци и еден цивил, а напаѓачите избегале по нападот.

Талибанците, кои го потврдија нападот, не споделија информации за човечките загуби.

Засега никој не ја презеде одговорноста за нападот.

Од друга страна, терористичката организација ДЕАШ објави дека двајца припадници на талибанските сили се ранети при напад со рачно изработена бомба извршен врз возило на талибанците во регионот Мезар Дере Нуркел.

Во бомбашките напади на 18-19 септември во Џалалабад, кој е познат како упориште на терористичката организација ДЕАШ во Авганистан, животот го загубија четири лица.

Од друга страна, талибанските претставници изјавија дека ДЕАШ не претставува голема закана за Авганистан и во земјата нема да бидат дозволени активности на терористичките организации.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.