свет

Авганистан: Талибанците нападнаа воен камп, 12 загинати

- Салим Асгархил, главен доктор во болницата во Вардак, изјави дека во нападот животот го загубиле 12 лица, а 28 се ранети.

Sayed Khodaberdi Sadat  | 21.01.2019 - Обновена : 22.01.2019
Авганистан: Талибанците нападнаа воен камп, 12 загинати

Avganistan

КАБУЛ (АА) - Во авганистанската провинција Вардак, талибанските милитанти изведоа напад врз воен камп. Во нападот животот го загубија 12 лица, јавува Anadolu Agency (AA).

Портпаролот на авганистанската провинција Вардак, Абдулрахман Мангал, на новинарите им изјави дека во нападот учествувале четворица напаѓачи. Едниот, кој на себе имал експлозив, го активирал на влезот од кампот, а по експлозијата, останатите напаѓачи отвориле оган врз безбедносните сили.

Портпаролот информираше дека вооружениот судир траел два часа, по што тројцата напаѓачи се неутрализирани.

Салим Асгархил, главен доктор во болницата во Вардак, изјави дека во нападот животот го загубиле 12 лица, а 28 се ранети.

Талибанската организација, која ја презеде одговорноста за нападот, тврди дека во нападот животот го загубиле повеќе од 100 припадници на безбедносните сили.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın