Sayed Khodaberdi Sadat
10 Февруари 2019•Ажурирај: 11 Февруари 2019
КАБУЛ (АА) - Најмалку осум припадници на авганистанските безбедности сили се убиени синоќа во вооружен напад кој го изведоа талибанските милитанти во северниот дел на Авганистан, јавува Anadolu Agency (AA).
Милитантите нападот го изведоа врз две полициски станици во градот Сајад, во северната покраина Сар-и Пул.
Челникот на локалното Собрание, Мухамед Нур Рахмани, за АА истакна дека во нападот тешко се ранети уште четворица стражари.
Рахмани нагласи дека талибанците ја презеле контролата над двете полициски станици, а авганистанските сили започнале опсежен контранапад.
Авганистан веќе речиси две децении е средиште на безбедносна и политичка криза која со несмален интензитет продолжува и оваа година.
Во јануарските терористички и вооружени напади во Авганистан убиени се најмалку 900, а ранети најмалку 800 лица. Меѓу жртвите има цивили, милитанти, авганистански, но и странски војници.
Овогодишниот напад со најмногу цивилни жртви се случи на 25 јануари во Сангин, во кој американските сили изведоа воздушни напади, при што загинаа 16 члена на едно семејство.
Авганистанскиот претседател Ешреф Гани на неодамна одржаниот Светски економски форум во Давос рече дека од 2014 година загинале најмалку 45.000 авганистански војници и полицајци.