Sayed Khodaberdi Sadat
08 Февруари 2018•Ажурирај: 09 Февруари 2018
КАБУЛ (АА) - Во подрачјето на Дерзаб кое се наоѓа во авганистанската покраина Џаузџан, извршена е воздушна и копнена операција против терористичката организација ДЕАШ, јавува Anadolu Agency (AA).
Факир Мухамед Џаузџани, полициски началик во Џаузџан, во изјава за АА истакна дека 25 припадници на ДЕАШ биле неутрализирани за време на воздушната и копнената операција против оваа терористичка организација во местото Сардере во Дерзаб.
Џаузџан рече дека три од неутрализираните лица биле државјани на Узбекистан, додека едно лице државјанин на Чеченија, и додаде трупите на НАТО ѝ дале воздушна поддршка на операцијата.
ДЕАШ околу две години врши терористички активности во подрачјата Дерзаб и Куш Тепе во областа Џаузџан.