Sayed Khodaberdi Sadat
02 Декември 2018•Ажурирај: 04 Декември 2018
КАБУЛ (АА) - Најмалку 37 талибански милитанти загинаа во експлозија при подготовка на возило бомба од страна на талибанските милитанти во авганистанската јужна покраина Кандахар, јавува Anadolu Agency (AA).
Портпаролот на Гувернерството на Кандахар, Азиз Ахмет Азизи, изјави дека експлодирало возило бомба за време на неговота подготовка во кампот за обука на талибанците во подрачјето на Маруф во Кандахар.
Азизи информираше дека милитантите се подготвувале за напад на воена база, и дека во експлозијата се повредени голем број милитанти, а дека смртно настрадале 37.