Sümeyye Dilara Dinçer
11 Февруари 2022•Ажурирај: 12 Февруари 2022
АНКАРА (АА) – Едно лице загина во експлозија пред џамија во градот Кале-и Нев, центарот на провинцијата Бадгис, северозападен Авганистан, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Талибанскиот функционер Баз Мохамад Сарвари истакна дека се случила експлозија на влезот од џамијата во Бадгис.
Сарвари нагласи дека во експлозијата загинало едно лице, а седум лица се повредени.
Наведувајќи дека повредените се пренесени во болница, Сарвари рече дека сѐ уште не е позната причината за експлозијата, но дека истрагата продолжува.
Очевидци тврдат дека има 15 повредени.
Никој не ја презеде одговорноста за експлозијата што се случи додека десетици луѓе се собраа за петочната молитва (џума намаз).