Sayed Khodaiberdi Sadat
05 Септември 2022•Ажурирај: 06 Септември 2022
МОСКВА / ИСЛАМАБАД
Две лица вработени во руската Амбасада загинаа во експлозија во Кабул, главниот град на Авганистан, соопшти денес руското Министерство за надворешни работи, јавува Агенција Анадолија (АА).
Експлозијата одекнала во 10:50 часот по локално време во непосредна близина на влезот во Конзуларното одделение на руската Амбасада во Кабул.
„Во нападот загинаа двајца членови на дипломатската мисија, а има и жртви меѓу авганистанските граѓани“, се вели во соопштението на Министерството.
Истакнато е дека Амбасадата е во контакт со авганистанските безбедносни сили кои спроведуваат истрага.
Претходно, полицијата во Кабул соопшти дека еден цивил загинал, а 10 лица се ранети откако бомбаш-самоубиец активирал експлозив во близина на руската Амбасада.
Портпаролот на полицијата во Кабул, Калид Задран, на Твитер објави дека истрагата е во тек и дека се преземени високи безбедносни мерки.