Bilal Güler,Sayed Khodaiberdi Sadat
13 Јули 2022•Ажурирај: 14 Јули 2022
КАБУЛ (АА) - Во последната недела 63 лица ги загубија животите во поплавите кои беа ефективни особено во источните покраини на Авганистан, јавува Агенција Анадолија (АА).
Мухамед Несим Хакани, портпаролот на државното Министерство за управување со катастрофи на привремената Влада на талибанците, за AA истакна дека во поплавите што зафатија 12 покраини во последната недела, загинале 63 лица, а 81 лице се повредени.
Наведувајќи дека покраините со најголем број жртви се Нуристан, Лагман, Логар, Пактија, Газни, Мејдан Вардак, Забул и Урузган, Хакани додаде дека повеќе од 12.000 куќи се оштетени, а повеќе од 2.000 животни угинале поради катастрофата.
Од друга страна, над 1.200 луѓе ги загубија животите во земјотресот што ги погоди источните покраини на земјата на 22 јуни.