Sayed Khodaiberdi Sadat
16 Декември 2020•Ажурирај: 17 Декември 2020
КАБУЛ
Талибанските милитанти изведоа напад врз полициската станица во авганистанската провинција Баглан во кој животот го загубија 13 припадници на безбедносните сили, јавува Агенција Анадолија (АА).
Фирузудин Аимак, заменик во Советот на Баглан, во изјавата за медиумите истакна дека милитантите извршиле оружен напад врз регионалната полициска станица во местото Везир Абад, во подрачјето на градот Пул-и-Хумри во провинцијата Баглан.
Аимак, информирајќи дека во нападот животот го загубија 13 припадници на безбедносните сили, а петмина се ранети, додаде дека во судирот што настанал по нападот, жртви имале и милитантите.
Талибанската страна засега не даде никаква изјава во врска со нападот.